Нема да верувате што симболизира буквата К во имињата на ПАОК и АЕК

1291

Во соседна Грција, екипите на ПАОК и АЕК се големи  ривали , а нивните навивачи се како две завојувани страни во војна. Но многумина од вас незнаат дека овие два клуба потекнуваат и симболизираат една иста работа.

Имено, двата клуба во своето целосно име содржат збор кој ја симболизира Грчко – Турската војна во 1919 година, односно протерувањето на Грците од Турција,  од деловите на Анадолија, а пред се Измир каде што живееле над  2.5 милиони  Хелени.

Она што е заедничко за двата клуба е што имаат византински орел и буквата К во името која го симболизира  Константинопол, старото име на  Истанбул.

Инаку целосното име на ПАОК е „Солунско спортско друштво основано од страна на граѓаните на Константинопол“.  Белата боја на нивните дресови прдставува надежт за бегалците, а црната за болката која што ја претрпеле.

Слично е и со АЕК кое име во превод значи „Спортски сојуз на Константинопол“. Исто така, жолтата боја претставува надеж за бегалците, а црната за страдањата.