Некогаш „газеше“ во дресот на Јунајтед, сега ќе игра за осмопласираниот тим во Бугарија

5045

Легендарниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов ќе потпише шестмесечен договор со прволигашот од својата татковина Берое.

Тој ќе игра за тимот од Стара Загора до крајот на 2017 година, а потоа ќе одлучи дали ќе ја заврши сезоната во Берое или ќе замине во странство. Иако висока, неговата плата нема да се одрази врз клупскиот буџер, туку ќе ја покријат неколку локални бизнисмени кои веќе постигнале договор.

Бербатов одлучил да заигра за Берое поради тоа што стручниот штаб на тимот го сочинуваат неговите блиски пријатели Александар Томаш, Косо Мирчев и Тодор Кјучуков со кои играше во ЦСКА пред да замине во странство. Тој веќе одигра неколку подготвителни натпревари во дресот на Берое, а официјалното деби треба да го запише на 14 јули против Вереја.

Минатата сезона Берое ја заврши на осмата позиција во бугарското првенство, но амбициите за претстојната натпреварувачка кампања се далеку повисоки.