Некогаш беше голем боксер, денес чисти улици: Ги гледам медалите и плачам

2321

Љубиша Аврамеловиќ, еден од најуспешните боксери на сите времиња во Србија и поранешна Југославија, денеска води битка од ден на ден како да преживее.

Имено, човекот кој е петкратен шампион на Србија и двократен вице-шампион на Југославија, кој зад своето име има 312 победи,  38 поразии и 4 нерешени меча, денес за живот заработува на улиц.

Аврамаеловиќ работи во комуналното претприатие во Заечар каде што мете улици, а за тамошните медиуми вели дека му се плаче кога ќе ги виде сите медали.

„Сите тие награди ги однесов на село и ги фрлив во една стара куќа, за да не ги гледам. Ми се плаче кога ги гледам медалите. Исто така, сетоа тоа ме доведува до лудило. Кога гледам се што сум постигнал и што сум бил некогаш, а што сум сега… сега сите ме занемарија“, вели Љубиша.