Незапирливиот Кејн сруши уште еден рекорд и дојде до неверојатно достигнување

626

Човекот е вистинска гол-машина и не запира.

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, продолжи да ги руши сите рекорди во англискиот и европскиот фудбал.

Тој вчера постигна два гола во победата на Тотенхем над Евертон со 4:0 и така стана најдобриот стрелец во историјата на Спарси со 98 погодоци.

Кејн на мечот со „Карамелите“ го престигна Теди Шерингем кој во својата кариера постигна 97 гола за Тотенхем.

Но, тоа не е се. Кејн е само третиот фудбалер во историјата кој постигнал барем 20 погодоци во четири последователни сезони во Премиер лигата.

Тиери Анри пет години по ред постигнуваше над 20 голови, а четири пати во низа тоа го направил и Алан Ширер.

Кејн од сезоната 2014/15 по ред постигнуваше 21, 25, 29 и досега 20 гола, а пред себе има уште 14 натпревари во Премиер лигата.

Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека Кејн во календарската 2017. година е најдобар стрелец на светот со 56 голови, јасно е дека во ист ритам ја започнува и оваа 2018. година.