Незапаметено: Реал доби само половина од натпреварите на домашен терен

329

Ако нешто не се подобри оваа сезона, Реал Мадрид е на пат да доживее тотален дебакл кој би бил комплетиран со пласман надвор од топ-4 во Ла Лига.

Севиља и Виљареал му дишат во врат, а најголемите проблеми доаѓаат од натпреварите на домашен терен. Оваа сезона Реал доби само половина од дуелите на Бернабе сметајќи ги сите натпреварувања. Победи осум од вкупно 16 меча што е незапаметено досега во историјата на клубот.

Меѓу другите, несовладани од Бернабе си заминаа и нисколигашите Фуенлабрада и Нумансија, а победи однесоа Бетис, Барселона и Виљареал. Најголемиот тест ќе дојде идниот месец во дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите.