Невиден скандал го тресе Мадрид: Реал фалсификувал документи, ќе им одземат титула?

2110

Кошаркарскиот клуб Реал последните неколку сезони доминира во европската кошаркар, но скандалот кој тропа на нивните врати, може многу да ги чини.

Голем скандал се случи деновиве во Шпанија, откако нивниот некогашен кошаркар Маркус Слејтер изнесе скандалозни информации, и доколку се докаже вистина во сето тоа, Реал може да остане без титулата од сезоната 2014/15.

Американскиот кошаркар во дресот на Реал настапуваше во периодот од 2012 до 2015 година. Тој во 2014 година доби пасош од Гвинеја, со цел да се води како домашен кошаркар, односно во тој случај Реал имаше можност на доведување уште еден странец во тимот.

Но по неколку години кошаркарот мораше пред судот во Мадрид, на кој призна како дошол до пасош од Екваторијална Гвинеја. Тој потврди дека пасошот бил фалсификуван, и дека на неговиот менаџер му дал 35.000 долари да му го среди она што Реал го бара од него.

Слејтер исто така додаде дека еден висок функционер во Реал, им донел документи кои биле потребни за да се добие тој пасош, и тоа сето тоа било завршено во неколку денови. Американецот доби пасош на таа држава, па во Шпанија се водеше како домашен играч.

Сега на судот во Мадрид доколку се утврди дека Реал е виновен за фалсификувани документи за пасошот, кошаркарската федерација ќе им ги одземе барем двете од вкупно три титули кои ги освоија таа сезона, шпанското првенство и Купот на кралот сигурно, а под знак прашање доаѓа и Евролигата.