Невидено досега: Изборија пласман на Мундијалот со само еден фудбалер роден во земјата

1415

По пауза од 20 години, репрезентацијата на Мароко се враќа на Светските првенства откако во одлучувачкиот натпревар го совлада Брегот На Слоновата Коска со 2-0.

Вистински раритет е тоа што во стартните 11 на Мароко, само еден фуѕдбалер е роден во земјата. Голманот Мунир и бекот Хакими се родени во Шпанија, дефанзивците Бенатија, Саис, играчот од средниот ред Белханда и напаѓачот Бутаиб во Франција, а играчите од средниот ред Ел Ахмади, Бусуфа, Зијех и Амрабат во Холандија.

Единствениот роден во Мароко е Набил Дирар и тоа во Казабланка, нотој израснал во Белгија, а сега игра во Фенербахче.