Невидено досега: Виљаш Боаш го напушти фудбалот и почнува кариера во друг спорт

1960

Поранешниот менаџер на Челси, Андре Виљаш Боаш поднесе оставка на тренерската функција во Шангај за да почне кариера во сосема друг спорт.

Тој откри дека е во сериозни подготовки за настап на Релито Дакар како член на екипата “Тим Овердрајв”. Релито ќе се одржи во периодот од 6 до 20 јануари 2018 година, стартува во Перу, се вози низ Боливија, а завршува во Аргентина. Совозач на Виљаш Боаш ќе биде Рубен Фарија.

“Зборував со мојот пријател од КТМ, Алекс Доринџер и тој ми кажа дека се потребни долги подготовки. Еве ме, постојано сум во контакт со “Тим Оведрајв” и со нетрпение очекувам да почнеме”, изјави Виљаш Боаш.

Португалскиот стручњак работеше како самостоен фудбалски тренер од 2009 година и во тој период водеше шест екипи: Академика, Порто, Челси, Тотенхем, Зенит и Шангај. Уште не потврдил дали засекогаш го остава фудбалот или само привремено ќе и се посвети на својата нова љубов.