Невидена драма во БиХ: Зрињски до титулата во 94. минута (ВИДЕО)

1229

Неверојатна завршница имаше оваа сезона во првенството на Босна и Херцеговина.

Титулата му припадна на Зрињски од Мостар, но начинот на кој овој тим дојде до неа уште долго ќе се прераскажува. Во пресрет на последното коло, Жељезничар беше прв со два предност пред Зрињски. Сараевскиот тим загуби во градското дерби со Сараево со 0-1, но дури и со таков резултат, до 94. минута Жељезничар ја имаше титулата во свои раце.

Причина за тоа беше негативата што Зрињски ја имаше во дуелот со Радник на гостински терен.До 77. минута, домаќините водеа со 1-0, а капак на се беше црвениот картон што го доби дефанзивецот Петар Стојкиќ. И покрај тоа, Зрињски собра сили за пресврт.

Во таа 77. минута Кајкут израмни, а притисокот во финишот донесе резултат. Во 94. минута, гостите добија пенал, а Кајкут со својот втор гол, сега од белата точка му донесе победа и титула на тимот од Мостар.