Неверојатна дрскост: Мата откри кои биле првите зборови на Ибрахимовиќ откако пристигнал во Манчестер Јунајтед

2659

Хуан Мата ги откри првите зборови на Златан Ибрахимовиќ откако Швеѓанецот пристигнал во Манчестер Јунајтед минатата година.

По авантурата во ПСЖ, Ибра ја напушти престолнината на Франција и како слободен играч потпиша за „Црвените ѓаволи“.

Тој одигра одлично во својата прва сезона во Премиер лигата иако постоеше огромна доза на песимизам, но потоа се повреди. Тој во првата сезона постигна 28 гола во сите натпреварувања.

Но, Мата откри каков бил првиот ден на Ибра на „Олд Трафорд“.

„Денот кога пристигна, екипата замина на подготовки, така што тој беше сам во тренинг центарот со човекот кој е задолжен за дресовите“, вели Мата за магазинот „ФорФорТу“.

„Никогаш претходно се немале сретнато, а Златан е тип на човек кој автоматски добива почит поради начинот на кој што се однесува и поради неговата самодоверба која буквално зрачи од него. Златан наводно го погледнал човекот од глава до пети и му рекол: ‘Се надевам дека си свесен дека богот пристигна’“.

Човекот не знаел што да одговори, па Златан се насмеал. Секогаш го прави тоа“, додаде Шпанецот.