НБА лигата е преголем залак за Хрватот – Рудеж се враќа во Европа.

295
Хрватскиот кошаркар Дамјан Рудеж својата кариера ќе ја продолжи во Европа, во редовите на шпанска Валенсија.
Според пишувањата на медиумите Рудеж веќе ги поминал официјалните разговори со челниците на актеулниот шпански првак и постигнал договор за соработка.
Рудеж се враќа во лигата во која летото 2014. Година како играч на Сарагоса замина во НБА лигата, односно во Индијана Пејсерс. Потоа го носеше дресот на Минесота и Орландо, кој на крајот го отпишаа.