НБА го промени правилото за тајм-аутот и слободните фрлања

1972

НБА лигата одлучи да промени одредени правила.

Челниците на НБА лигата одобрија промени на форматот на тајм-аутот, траењето на паузата помеѓу двете полувремиња, како и процедурата за изведување на слободните фрлања.

Почнувајќи од следната сезона, максималниот број на тајм-аути по натпревар ќе биде намален од 18 на 14. Освен тоа, во последните три минути од натпреварот екипите на располагање ќе имаат по два тајм-аути, наместо досегашните три.

„Овие промени ќе ни помогнат да ја исполниме нашата цел, а тоа е да го унапредиме текот на играта и нејзиниот ритам. Помалиот број на прекини на играта и време без акција, особено во финишот од натпреварот, ќе го унапреди искуството на навивачите“, изјави претседателот на НБА задолжен за натпреварување Бајрон Спруел.

Секој тим ќе има по седум тајм-аути по натпревар, кои ќе може да ги искористи во текот на целиот натпревар, бидејќи нема да има поделби по полувремиња.

Сите ќе траат по 75 секунди. Според досегашните правила, долгиот тајм-аут траеше 90 секунди, додека краткиот траеше 60 секунди.

Во секој период од играта ќе има по два задолжителни тајм-аути, кои ќе бидат на програмата при првото запирање на играта кога ќе останат седум и три минути до крајот. Двата тима ќе добијат по два тајм-аути во продолженијата.

НБА лигата воведе промени кои се однесуваат на самата игра, па судијата ќе може да суди фаул доколку играчот кој изведува слободно фрлање оди надвор од линијата за три поени меѓу двата обиди.

Исто така, полувремето ќе трае 15 минути на сите натпревари. Времето ќе започне да тече веднаш откако ќе се заврши вториот период од играта. Доколку тимот не биде подготвен за почеток на мечот кога ќе истечат тие 15 минути ќе биде досуден прекршок.

Покрај тоа, челниците одобрија поместување на крајот на преодниот рок за трејдови на десет дена пред Ол-стар натпреварите, додека според досегашните правила сите трејдови би можеле да бидат завршени до четврток по Ол-стар мечот.