На само 15 години: Сексуално ме нападна репрезентативниот доктор

1185

Уште една Американска гимнастичарка во низа го обвини репрезентативниот доктор, Лери Насар за сексуален напад. Последна од низата е и најзвучно име, Али Раисман која на последните две Олимписки игри во Лондон и во Рио освои шест медали од кој три злата.

„Имав само 15 години. Гледам дека постојано се поставува прашањето зошто досега молчевме. Па зарем тоа е битно. Зошто никој не праша зошто во американскиот тим никој ништо не направил да се спречи ова. Зошто никој не праша како Лери Насар манипулираше со сите девојчиња во тимот кои се плашеа да кажат што се случувала. Дали сум лута? Па што да бидам. Бесна сум и тоа како“, изјави Раисман.

Имено овој доктор кој 20 години беше на позицијата во селексијата на САД веќе е обвинет од над 130 гимнастичарки за сексуален напад. Тој ги повикувал често на својот третман, зад кој се криели црните намери.

Во моментов тој е во притвор поради поседување на детска порнографија што го призна и очекува судењо. Покрај тоа ќе му се суди и за сексуално вознемирувања на гимнастичарки, дело кое го негира.