На погребот го бакна ковчегот на најголемиот ривал и го трогна цел свет

4885

Легендарниот турски кревач на тегови, Наим Сулејманоглу почина минатата сабота во својата 50 година од животот. Не успеа да ја издржи борбата зо тешката болес, цироза на белите дробови иако имаше и трансплатација и низа операции, а после последниот оперативен зафат минатата недела не се пробуди.

На последното испраќање во вечните, се појави и неговиот најголем ривал во историјата, Валериос Леонидис од Грција. На Олимписките игри во Атланта, 1996, овие двајца кревачи на тегови водеа жестока борба. И самиот Наим, познат како „џебниот Херкулес“, го потври тоа тогаш.

Атмосферата на финалето од 1996 тешко дека некогаш ќе се повтори, тогаш пола сала беа Грци, пола Турциј. Сулејманоглу подигна 187,5 килограми, а Леонидис не успеа да крене 190 килограм, па Гркот заплака од тага. Сулејманоглу веднаш му приде и започна да го теши.

Веднаш по смрта на Турчинот, новинар го контактирале Леонидис:

„Тажен сум поради неговата смрт, а уште потажен сум поради тешката финансиска ситуација која ме спречува да дојдам на неговиот погреб“, изјави Леонидис.

Веднаш по оваа изјава Министерството за спорт на Турција го контактирало Леонидис и комплетно му го покрила и организирала патот и престојот во Истанбул.

Леонидис на последното испраќање од големиот ривал но и тоа како добар пријател, се приближи до ковчегот обвиткан со турското знаме во кој беше Сулејманоглу и го бакна. Овој потег ги трогна сите присутни, а откако излегоа фотографии и пошироката светска јавност.