На повидок размена меѓу Интер и ПСЖ

1968

Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, екипите на Интер и ПСЖ до крајот на овој преоден рок би можеле да направат размена на двајца фудбалери.

Се шпекулира дека во трампата ќе бидат вклучени Лукаш Моура и Жоао Марија, со што и двете екипи би се ослободиле од вишокот, а воедно би го добиле она што им треба.

Иницијативата започна откакао ПСЖ се распрашуваше за условите под кои би го донел Португалецот во своите редови, на што Интер одговори со понуда, односно предлог за размена на играчи.

Сега се очекува одговор од францускиот тим и детализирање на условите под кои би се извршила размената.