На повидок компромис во европската кошарка: ФИБА ќе плаќа лечење и осигурување на репрезентативците

246

ФИБА е во спор со клубовите веќе подолго време, поточно со оние кои играат во Евролигата и Еврокупот, но Извршниот комитет на оваа кошаркарска организација најде решение како да го реши проблемот и да направи компромис за доброто на кошарката.

ФИБА донесе одлука да им плаќа осигурување на играчите во сениорска и младинска конкуренција.

Тие ќе им плаќаат на клубовите за лечење на играчите кои ќе се здобијат со повреди за време на репрезентативните настапи и квалификациите за Мундобаскетот според новиот систем, а во предвид ќе бидат земени и платите на кошаркарите, како и тоа колку дена ќе бидат отсутни од клубот со кој имаат договор.

Сите трошоци околу евентуалните операции на играчите ќе ги сноси ФИБА, а не клубовите за кои настапуваат играчите.

Претходно од Светската кошаркарска организација одлучија каклендарот за репрезентацијата да се одвива во текот на целата година, а не само во текот на летото како што претходно беше случај, а тоа предизвика многу негодувања и незадоволство кај клубовите.