На Овен му е преку глава од критиките од фанови на Ливерпул па им откри некои трансфер детали

1090

Мајкл Овен иако некогаш во минатото беше миленик на „црвените“ од Ливерпул, во 2009 година го направи неочекуваниот трансфер во ривалскиот Манчестер Јунајтед, а тоа беше како иницијална каписка за навивачите на Ливерпул да почнат да го мразат.

Каде и да се појави, Мајкл Овен добива свирежи од фановите на Ливерпул кои и ден денешен не можат да му го простат гревот односно предавството како што мислат тие, па Овен е доведен во ситуација да се брани каде и да стигне.

Тој денеска испрати една јасна порака до фановите на Ливерпул, дека каде и да играл, во кариерата, срцето му било со Ливерпул, па дури и дека сакал подоцна да се врати во Ливерпул, но тоа не му успеало, па се преселил во Манчестер Јунајтед.

Ги читам секојдневните навредувачки пораки за времето кое го минав во Манчестер Јунајтед. Сакам уште еднаш да им докажам на оние кои се сомневаат, …јас го сакам Ливерпул и пред секој трансфер кој го направив по Реал, јас се обидов да се вратам во клубот, но тоа не се случи, па јас морав мојата кариера да ја продолжам во други клубови“, јасно порача Овен на фановите на Ливерпул.

Што и да се случи по оваа порака, повеќе од сигурно е дека „црвените“ никогаш нема да му го простат трансферот во редовите на „црвените ѓаволи“, нешто што најмногу ги заболе кога Овен подоцна освои и титула со Манчестер Јунајтед во втората негова сезона со тој клуб.