На денешен ден: Тројката на Илиевски се уште „ѕвони“ во ушите на Литванците: Леле, што напраивме! (Видео)

1680

Македонската публика се уште се сеќава на култниот момент од 2011 година во Литванија, каде македонската кошаркарска репрезентација, брзопотезно ја испразни салата со домашните навивачи на Литванија.

Во „Жалгирис Арена“ тогаш Македонија приреди невидено изненадување, елиминирајки го домаќинот Литванија кој важеше за фаворит пред мечот, и обезбедивме пласман во големото полуфинале, дотогаш незапамтен успех на македонската кошарка.

Тогаш фантастичната генерација од играчи, Илиевски, Симоновски. Гечевски, Мејејлеб, Војдан и Дамјан Стојановски, Чековски, Димчевски, Самарџиски, Антиќ, Соколов и Мираковски, газеа над многу подобро рангирани репрезентации од нас на тоа првенство, а целото првенство дојде до ерупција за нас во четвртфиналето.

Тројката на Влатко Илиевски се уште „ѕвони“ во ушите на македонската нација, која тогаш имаше некоја добра перспектива, за разлика од црнилото кое сега владее со македонската кошарка.

Тие моменти од Литванија ќе останат силно врежани во македонската национална кошарка, а тројката на Илиевски и слободните фрлања со посебно место во историјата, како мотив за некои следни генерации кои се надеваме дека подобро ќе не претставуваат.