На гости не им оди, но во Скопје прават ршум: Морнар падна пред Карпош Соколи

695

Карпош Соколи со победа успева да ја заврши календарската година во АБА лигата, совладувајки го тимот на Морнар со 75:63.

Морнар вечерва во Скопје немаше шанса против разиграниот Карпош Соколи, кој иако се уште нема победа на гостински терен, дома остварува солидни резултати. Ова за Карпош Соколи е петта победа во АБА во серија.

Евидентна беше разликата која ја направија Карпош Соколи уште на почетокот од натпреварот, каде со долга серија се одалечија од противникот. На полувреме се замина со резултат 37:29.

Во вториот дел Карпош Соколи успеа само рутински да ја истурка работата до крај и да оствари нова победа, со што триумфално ја завршуваат годината. На крајот конечни 75:63.

Најефикасен кај Карпош беше Лабовиќ кој постигна 18 поени, Пери постигна 17 поени.

loading...