Најубавиот момент во животот: Хамилтон го достигна Сена и доби подарок од семејството на својот идол (ВИДЕО)

1025

Британскиот возач Луис Хамилтон вчера ја оствари својата 65. пол-позиција во Формула 1, но веројатно во моментите на победата во квалификациите не можеше ни да претпостави што ќе се случи неколку минути подоцна.

Со оваа пол-позиција, Британецот се израмни со легендарниот Аиртон Сена и сега пред него е само Михаел Шумахер во оваа статистичка категорија. Веднаш по квалификациите, од семејството на Сена, Хамилтон доби на подарок оригинална “кацига” со која поранешниот бразилски возач учествуваше во Формула 1. Познато е дека Сена бил голем идол на Хамилтон, па разбирливо е што овој момент навистина го трогна.

“Не знам што да кажам, ова е голема работа за мене. Сена секогаш беше мој “мотор”, идол во животот и поради него сум ова денес”, изјави Хамилтон.

https://www.youtube.com/watch?v=odp5C_zdE6o

Британецот одамна го помина Сена по бројот на победи во Формула 1 (55), но Михаел Шумахер е далеку пред него со 91.