Најстариот играч во НБА ќе игра за Сакраменто

592

Осумкратниот ол-стар играч и еден од најатрактивните кошаркари во историјата Винс Картер нема да се пензионира и на 40 години.

Ноќеска тој потпиша договор со Сакраменто Кингс и тоа како слободен играч откако истече неговиот договор со Мемфис. Иако е на почетокот на петтата деценија од животот, Картер договори годишна плата од осум милиони долари.

Картер влезе во НБА лигата во 1999 година како член на Торонто Репторс и во првата сезона беше прогласен за најдобар дебитант. Освен за канадскиот тим, играше уште за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас и Мемфис. Досега постигна 24.555 поени.