Најлудото образложение за допинг: Не е допингуван, девојка му му пренела со бакнеж!

1638

Американскиот атлетичар Џил Робертс е ослободен од обвиненијата за допинг откако пред четири месеци во неговиот организам е најде супстанцата пробенецид.

Процесот траеше до 20 јуни, но целосниот случај од Американската антидопинг агенција излезе во јавноста на почетокот од оваа недела. Образложението е урнебесно: Робертс не користел недозволени средства, туку супстанцата му ја пренела неговата девојка по бакнеж. Неколку недели претходно, таа користела лекови за инфекција на синусите кои содржеле пробенецид.

Како член на американската штафета 4х400 метри, Робертс минатата години на Олимпијадата во Рио го освои златниот медал. По допинг тестот, Робертс беше привремено суспендиран, но се натпреваруваше на националното првенство на САД во дисциплината 400 метри и избори норма за Светското првенство во Лондон.