Најинтересниот момент по финалето во Евролигата – Антиќ во главната улога (Видео)

1894

Фенербахче конечно ја освои толку посакуваната титула во Евролигата, совладувајки го тимот на Олимпијакос ноќеска во Истанбул.

По натпреварот на теренот имаше многу интересни детали, а еден од најинтересните беше она кога Перо Антиќ во улогата на бербер, го исшиша Луиџи Датоме „до темел“.

Но ваков договор наводно постоел уште од почетокот на сезоната, кога Италијанецот ветил дека ќе ја скрати својата коса доколку неговиот тим ја освои Евролигата, а Антиќ се понудил тоа да го направи.