Најдобриот играч во Лигата на шампионите стана Македонец!

3521

Кошаркарот на турски Банвит Џордан Тиодор доби македонско државјанство, односно пасош од нашата земја, јавува Дејвид Пик. Тиодор беше МВП во ФИБА Лигата на шампоните и секако дека ќе биде еден од најбараните играчи на европскиот пазар.

Тој инаку е на мета на Уникаха, а оваа сезона за себе изјави дека е најдобриот плејмејкер во Европа.

Очигледно, скромноста не е негова доблест, но со своите игри покажа дека може себе си да си дозволи да биде помалку арогантен.

Нашата репрезентација нема да игра на престојното Европско првенство кое се игра од 31. август, а Тиодор со ова им се приклучи на Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс и Ромео Тревис како натурализирани кошаркари кои во последно време играле за нашата репрезентација.

Најголем успех со настапите за нашата репрезентација секако има Мекејлеб, кој во 2011. година со Македонија го освои четвртото место на Европското првенство. Сега, тој доби наследник за во иднина.

Оваа процедура за доделување на „натурализација“ на странски кошаркари е со цел да се зголеми изборот на кошаркари кои би можеле да настапуваат за нашата репрезентација, што не значи дека Тиодор со сигурност во иднина ќе заигра за Македонија.

Со ова продолжува трендот на натурализираните играчи во европските репрезентации, а некои од ретките кои одолеаја на овој тренд се Литванија и Србија.