Најдобриот гол за септември во Премиер лигата (Видео)

613

Погодокот на Антонио Валенсија на натпреварот со Евертон е прогласен за најдобар за изминатиот месец во Премиер лигата.

Валенсија го постигна првиот гол во победата од 4:0 на Манчестер Јунајтед против Евертон, откако со фантастичен волеј од преку 20 метри ја погоди мрежата која ја бранеше Џордан Пикфорд и заслужено ја доби престижната награда.