Најдобриот голгетер во Европа игра во третата лига на Црна Гора!?

2424

Не е ниту Роналдо, ниту Меси, ниту Кавани, далеку се и Левандовски, Суарез, Нејмар и било кој друг стрелец во од најдобрите европски лиги. Најдобриот стрелец во Европа доаѓа од третата фудбалска лига на Црна Гора!

Капитенот на црногорскиот третолигаш Плевља Миливоје Мрдак може да се пофали со импресивен голгетерски учинок. Тој постигнал 61 погодок на 24 натпревари!

Плевља е црногорски третолигаш, но може да се пофали дека го има најпродуктивниот напаѓач на Стариот континент. Само за пример, Лионел Меси има постигнато 35 гола, а Кристијано Роналдо 24 погодоци!

„Ми се случувало на еден натпревар да постигнам и девет гола. На секој тим во лигата барем еднаш сум му ја затресол мрежата. Тоа ми значи дека вредам како напаѓач. Си докажав себе си и на другите дека можам многу“, нагласи Мрдак во разговор за црногорските медиуми.

Според бројот на голови, Мрдак е убедливо најдобар стрелец во Европа, а зад него, ако се сметаат сите лиги во Европа, е напаѓачот на англискиот петтолигаш Довер, Рики Милер кој има 42 погодоци на 43 натпревари. Зад нив најблиску е Меси со 35 гола за Барселона во Примера, а толку има и Единсон Кавани од ПСЖ. Листата на петте најдобри стрелци во фудбалска Европа ја затвора Том Боер од холандскиот второлигаш Осс со 33 погодоци.