Најдобрата ракометарка на Вардар најави пензија на крајот од сезоната!

898

Една од најдобрите ракометарки на Вардар, Андреа Пенезиќ најави пензија по завршувањето на актуелната сезона!

Ракометарката на Вардар, која влезе во изборот за најдобра ракометарка на годината според „Хендбол Планет“, во интервју за „Арена Спорт“ најави дека во јуни, односно по завршувањето на актуелната сезона, ќе ја заврши својата кариера за да се посвети на останатите работи од нејзиниот живот. Таа планира да се посвети на семејството и да ги заврши студиите.

На 32-годишната хрватска ракометарка на крајот од оваа сезона и истекува договорот со Вардар. Пенезиќ во ЖРК Вардар пристигна во 2014. година, а со нејзините игри брзо се наметна како една од најдобрите ракометарки во тимот и прв стрелец на екипата од „Јане Сандански“, а со тоа и како една од најдобрите светски ракометарки.

Најголема желба на Пенезиќ, секако, е во ЖРК Вардар да заврши со титула во Лигата на шампионите, трофејот кој им бега во последните три сезони. Со оглед на резултатите и формата на Вардарки во моментов, тие се едни од најголемите фаворити за титулата, па и желбата на Пензиќ можеби конечно ќе се оствари.