Најдобар доказ за очајниот среден ред: Прв додавач на Барса во ЛШ е – Умтити!!! (ФОТО)

1276

Под водство на Луис Енрике, Барселона веќе освои осум трофеи, но се покажаа точни негодувањата на навивачите дека последните сезони каталонскиот тим го загуби својот идентитет.

До лани, најголемата сила на екипата беше средниот ред кој ја правеше предноста во однос на ривалите и им беше од огромна помош на напаѓачите на кои им остануваше само да погодат. Оваа сезона воопшто не е така. Барселона најчесто ја губи битката на средината од теренот и како последица на тоа го загуби врвот во првенството и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите.

Најдобар доказ за тоа е статистиката кога станува збор за најдобрите додавачи во Лигата на шампионите. Ако до лани на врвот се наоѓаа Иниеста, Нејмар и Меси, сега ситуацијата многу поинаква. На првото место е Марко Верати од ПСЖ, а потоа следуваат Вајгл од Дортмунд и Тиаго од Баерн. Да биде иронијата поголема, најдобар додавач на Барселона е дефанзивецот Самуел Умтити кој се наоѓа на 16. место. Далеку зад него се Бускетс и Маскерано, додека Меси и Нејмар воопшто ги нема меѓу првите 25. Со таква игра, Барселона не може да се надева на пресврт против ПСЖ.