Најголемиот малер во тенисот: Надал остана без трофејот што му недостасува

362

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал веќе навлезе во четвртата деценија, а и натаму е без трофејот што му недостасува во богатата колекција.

Станува збор за оној од завршниот Мастерс во Лондон кој повторно нема да отиде во негови раце. Во својата кариера тој 13 пати обезбеди пласман на завршниот Мастерс, но шест пати мораше да се откаже поради повреда. Така е и оваа година откако синоќа се повлече поради повреда.

Сепак, тоа нема да остави дамка на неговата одлична сезона. И на 31 година Надал се врати на првото место на АТП листата каде ќе биде најмалку до февруари 2018 година.