Најголемиот кошмар на Кристијано Роналдо си оди од Ла Лига (ВИДЕО)

6287

Еден од најдобрите бразилски голмани Диего Алвес одлучи да ја продолжи својата кариера во татковината по една деценија во шпанското првенство.

Последните шест сезони ги помина во Валенсија каде беше неприкосновен на голманската позиција, а претходно, од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Алмерија. Слободно може да се каже дека беше најголем кошмар на Кристијано Роналдо бидејќи му одбрани најмногу пенали од сите голмани во Шпанија – три. Најважен беше оној од 9 мај 2015 година со кој Алвес го отпиша Реал од титулата и практично ја промовира Барселона во нов шампион.

За една деценија во Ла Лига, Алвес одбрани вкупно 24 пенали и тоа седум како член на Алмерија и 17 во Валенсија.

Според информациите, следен клуб на Алвес ќе биде Фламенго и за него Валенсија ќе добие околу 300 илјади евра.