Најголемата „местенка“ во историјата на боксот: Мејведер и Мекгрегор ги измамија сите!?

2735

Најскапиот боречки спектакл на сите времиња, боксерскиот меч помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор бил голема „местенка“. Така барем тврди славниот коментатор и боксерски стручњак, Џим Лемпли, член на боксерската Куќа на славните.

Имено, стручниот коментатор смета дека е повеќе од очигледно дека Мејведер му дозволил на Ирецот да ги добие првите три рунди и дека дозволил мечот да дојде до 10. рунда само поради навивачите.

„Мејведер не е во пензија. Зошто би бил во пензија? Па тој ја креираше најголемата местенка во историјата на боречките спортови“, вели Лемпли.

„Му ги даде првите три рунди на Конор за ММА светот да има за што да зборува, а потоа го пушти мечот до 10. рунда. Сето тоа е измама. Верувам дека постојат уште будали на светот кој ќе му дозволат на Флојд да заработи нови 150 милиони или повеќе. Нема логика да биде во пензија“, додаде тој.

Репортерот потоа го праша дали е сигурен дека Мејведер му попуштил на Мекгрегор во првите три рунди, а Лемпли одговори: „О, да. Секако. Тоа беше повеќе од очигледно“, по што репортерот призна дека е шокиран од изјавата, на што Лемпли му возврати: „И јас би бил шокиран кога ќе слушнам нешто такво од човек кој повеќе од 30 години се занимава со боксот“.

За крај, репортерот го праша: „Мислите ли дека Мејведер ќе го ризикува стопроцентниот учинок во кариерата за нова борба?“.

„Да ризикува? Дали го поврза зборот ризик со Флојд Мејведер? Ова не е ризик, ова нема никаква врска со ризик. Не постои ризик за него“.

На прашањето дали Мејведер ќе се согласи на реванш со Мекгрегор, Лемпли одговори: „Не е прашање дали сака реванш, туку дали сака нови 150 милиони долари. Зошто инаку би поставувал видеа на кои вежба?“.