Најава за крај на кариерата? Некогаш најдобриот кошаркар во НБА доби отказ само два дена по потписот!

1132

Некогаш најдобриот НБА кошаркар доби отказ само два дена по потписот на договорот.

Дерик Роуз, најкорисниот играч во НБА лигата од 2011. година, доби отказ во Јута и сега е слободен играч.

Во големиот трејд помеѓу трите клуба – Сакраменто, Јута и Кливленд – Кингси ги добија Џо Џонсон и Ајман Шамперт, Кавси ги добија Родни Худ и Џорџ Хил, а Џезерите Кларксон и Роуз.

Меѓутоа, некогаш големата ѕвезда има огромни проблеми со повредите во последните неколку години и очигледно е дека не може да ги пружа истите игри поради кои беше дел од Ол-старот, па така Јута реши да се ослободи од неговите услуги.

Така, овој 29-годишен кошаркар доживеа да биде „вејвуван“, па се поставува прашањето дали тој воопшто ќе ја продолжи кариерата, за што се двоумеше уште додека беше дел од Кливленд.

Новинарот стручњак за НБА лигата, Ејдриан Војнаровски навести дека единствен клуб кој би можел да потпише со Роуз е Вашингтон, но се уште ништо не е сигурно.

Роуз најдобрите игри ги пружаше во дресот на Чикаго Булс каде од 2009 до 2012 година бележеше повеќе од 20 поени во просек.