Наташа Нолевска се договори со Виборг

721

Македонската ракометна репрезентативка, Наташа Нолевска, од денеска е нов член на данскиот ракометен клуб Виборг.

Наташа која игра на позиција десно крило, се согласи во следниот период да биде играч на Виборг, трансфер од кој се очекува многу. Таа последните неколку сезони настапуваше за екипата на Вардар, но поради малата минутажа реши да направи трансфер во Данска.

Виборг е клуб кој не може да го одбиете. Сонував за ваков трансфер“, прокоментира среќната Нолевска по потпишувањето на договорот.