Наташа Антиќ во следните две сезони во редовите на Хувента Михаловце

418

Ракометната репрезентативка на Македонија, Наташа Антиќ, ги договори личните услови со екипата на Хувента Михаловце, и од следната сезона ќе настапува во шампионатот на Словачка.

Македонската голманка реши да замине од досегашната екипа Дунареа Браила во која престојуваше во Романија, и да ја промени играчката средина.

Наташа Антиќ потпиша двегодишен договор со Хувента Михаловце.

loading...