Насри: Бев пред смрт, а никој не дојде да ме посети

3576

Самир Насри, францускиот фудбалски интернационалец во текот на досегашната кариера имаше доста испади како на теренот, така и надвор од него. Постојано веше на насловните страни на медиумите ширум Европа и претежно тоа беше поради инциденти кои ги имаше предизвикано.

Насри и покрај тоа оствари зад себе мошне успешна кариера. Играше за Марсеј, Арсенал, Манчестер Сити, Севилја, а во моментот е член на Анталија. Во разговор за Канал +, Насри за првпат откри дека живото сериозно му бил загрозен во 2008 година, последна во дресот на Марсеј.

„Имав менингитис (воспаление на мозочните обвивки). Минав 12 дена во болница и тогаш навистина открив какви се луѓет. Никој од моите така наречени пријатели не дојде да ме посети, иако бев пред смрт. Бев сосема сам и никој немав покрај себе. После тоа луѓето зборуваа дека сум арогантен, дека парите ме промениле, пишува се и сешто. Морав да се променам и станав само она што сум сега“, изјави Насри.

Французинот оваа сезона во дресот на турска Анталија одигра четири меча и даде два гола.