Нант со нов триумф – Лазаров една од светлите точки на натпреварот

836

Денеска се играа натпреварите од 3. коло во ракометното првенство во Франција, каде екипата на Нант, во која настапува и македонскиот ракометен капитен Кире Лазаров, оствари нов триумф.

Денеска Нант славеше со минимална предност на гостувањето кај Сент Рафаел (25:26), па и по ова коло останува со максимален ефект на табелата.

Треба да се истакна дека на овој натпревар, водечкиот играч на натпреварот за Нант беше токму Кире Лазаров, кој постигна седум голови. Освен Лазаров за почит е бројката од 20 одбрани на голманот на Нант, Думулин, кој беше несовладлив на голот.

Со оваа победа, Нант успешно им парира на посилните ПСЖ и Монпелје на табелата.