Нант сигурен – Лазаров со скромен ефект

180

Во рамките на 11. коло од француското ракометно првенство, Нант на Кире Лазаров беше сигурен против Нимс со резултат 33:25.

Натпреварот беше во знакот на домаќините, тие уште во првиот дел наметнаа свое темпо, кое подоцна им беше тешко на гостите да го следат. Разликата која беше клучна за победата, Нант ја изгради во првиот дел (18:10), додека вториот дел беше егал (15:15), но на крајот Нант беше сигурен победник.

На оваа средба Кире Лазаров имаше скромен учинок, постигнувајки два гола, иако имаше уште неколку обиди таа бројка да биде поголема.

По 11 кола во првенството на Франција, Нант е четвртопласирана екипа со 14 освоени бодови, а пред се ПСЖ со 18 како и Нимс додека лидер е Монпелје со 21 бод.