Наместо намалување, дуплирана казната на Оскар Писториус

407

Атлетичарот од Јужна Африка, Оскар Писториус наместо 6 години затвор според првичната пресуда, сега ќе помине 13 години и 5 месеци зад решетки.

Вака денес пресуд Судот во Блемфонтејн откако обвинителството  се жалеше на пресудата бидејќи тогаш кажа дека не е прифатлива казна помала од осум години затвор.

Писториус е осеуден за  убиството на неговата девојка, манекенката Рива Стинкемп која ја застрела со четири куршуми испукани низ затворена врата на бањата на 14 февруари 2013.

Инаку Оскар се прослави откако влезе во историјата како прв параолимпиец кој рамноправно се натпреваруваше со атлетичари без инвалидитет на Олимписките игри во 2012 година во Лондон.