Надежната скијачка Симјановска – 46. пласирана во Сент Мориц

833

Македонската 16 годишна репрезентативка, скијачката Лидија Симјановска, се пласираше на 46. позиција во квалификациите за велеслалом на СП во скијање, кое се одржува во скијачкиот центар Сент Мориц.

Скијачката која многу ветува за во иднина, од можни 75. позиции, Симјановска се пласираше на 46. позиција, Нејзиното остварено време е 2:24.92.

Таа во првото скијање имаше нешто послаб ранкинг, на 48. позиција, но подоцна го подобри своето време и забележа 46 позиција.

Според пропозициите на овој спорт, само 25 натпреварувачки одат понатаму, односно забележуваат пласман на главната трка.