Надал: Среќен сум за мојата „Ла Децима“, а тајната на успехот….

609

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, не го криеше воодушевувањето по освојувањето на јубилејната 10. титула на Ролан Гарос.

Надал лесно го совлада Стан Вавринка во финалето со 6:2, 6:3, 6:1, и повторно потсети на старите времиња, кога доминираше во машкиот тенис.

Совршен Ролан Гарос за мене, играв доста добро овој турнир. Не го променив стилот и односот кон противниците во однос на претходната сезона. Добро е што не минав многу време на теренот, ни еднаш не беше 5:5“.

За мојот успех нема посебни тајни, успехот се постигнува со секојдневно напорна работа. Овој успех јас го доживеав по 10 пат во Париз, и поради тоа сум пресреќен. Се чувствувам одлично, минав миз тешки моменти поради повредите и се останато“, истакна Рафаел Надал.

Шпанецот е сега втор на АТП табелата, а доколку неговиот тренд продолжи, тој наскоро може да биде и лидер на бодовната табела, што за него ќе биде уште едно големо остварување.