Надал се предаде, Федерер има отворен пат кон нова Гренд слем титула

556

Рафаел Надал доживеа елиминација во четвртфиналето од Австралија Опен откако мораше во петтиот сет да го предаде мечот протв Марин Чилиќ.

Шпанецот два пати водеше, но Чилиќ израмни, а кога Надал предаде, хрватскиот тенисер водеше со 2-0. Неговиот противник имаше проблеми со движењето уште од вториот сет, но некако успеа да се одржи во игра. Откако стана јасно дека ќе се игра петти сет, многумина почувствуваа дека Чилиќ има голема шанса.

Негов противник во полуфиналето ќе биде британскиот тенисер Кајл Едмунд кој денеска направи уште едно изненадување елиминирајќи го Григор Димитров со 3-1.

Но, на елиминацијата на Надал најмногу се радува Федерер кој, ако не киксира, има отворен пат кон нова Гренд слем титула. По многу порази на фаворитите, највисокорангиран ривал му е токму Чилиќ кој е шести носител. Самиот тој утре игра против Бердих, а ако победи ќе се сретне со подобриот од неносителите Сандгрен и Чунг.