Надал се обиде да направи разлика помеѓу Федерер и Ѓоковиќ на еден специфичен начин

724

Рафаел Надал веќе со години е во врвот на светскиот тенис, но фановите стекнуваат чувство дека е во сенката меѓу други двајца тенисери, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Оваа сезона, во отсуство на Новак Ѓоковиќ кој прерано се повлече од сезоната поради повреда, Рафа се врати на тронот, а веќе идната година очекува повторно да ја води главната битка со споменатите двајца тенисери за првата позиција на АТП листата.

Шпанецот во едно интервју за шпанските медиуми, се обиде да направи разлика, какви противници се двајцата тенисери.

Федерер е најдобар тенисер во историјата, но не знам дали е најдобар против кого имам играно во кариерата, неговите титули докажуваат многу работи, но не во технички аспект. Кога Ѓоковиќ ги бележеше најдобрите резултати, имав чувство дека играм против непобедлив играч“, истакна Надал.

Шпанецот против Новак има негативен скор 24-26, додека против Федерер има позитивен 23-15.