Надал против Андеpсон во финалето на УС Опен

386

Рафаел Надал и Кевин Андерсон ќе играат во финалето на УС Опен.

Шпанскиот тениcер по четири сета го победи Хуан Мартин дел Потро. Аргентинецот стартуваше со предност и откакко со 6:4 го доби првиот сет следуваше пад на неговата игра. Посебно во вториот сет,кога Надал не му дозволи да освои ниту еден гем. Следните два сета повторно минаа во доминација на “бикот од Мајорка“, во кои славеше со 6:3 и 6:2 по вкупно 150 минути игра.

Надал така ја оствaри својата 225-та победа и си го обезбеди 23-то Грен слем финале.

Негов противник ќе биде Кевин Андерсон. Тенисерот од Јужна Африка ќе се бори за својот прв Грен слем трофеј, откако во полуфиналниот меч го совлада Пабло Карењо Буста и спречи шпанска пресметка во финалето во Њујорк.

Андерсон исто така се радуваше по четири сета, иако го загуби првиот со 6:4, се врати во игра и ги дoби следните три со 7:5, 6:3 и 6:4. Мечот траеше 175 минути, а искусниот 31-годишен Андерсон имаше одличен сервис и забележа 22 аса. Тој на овој турнир инаку беше 28.носител.

Финалната средба кај тенисерите на УС Опен се игра утре вечер.