Надал по Вимблдон би можел на врвот на АТП

387

Триумф на Вимблдон би му го донел повторно првото место на АТП листата на Рафаел Надал, кој последен пат бил на врвот на 16.јуни 2014.година.

Само пред една година беше многу тешко да се претпостави дека Шпанецот повторо ќе биде во прилика да биде најдобар тенисер на планетава, но лошата форма на Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ му овозможија такво нешто.

Тенисерот од Мајорка поради повреда лани ги порпушти Ролан Гарос и Вимблдон, но со освојувањето на 10-тиот трофеј пред неколку дена во Париз се искачи на второто место на АТП листата, веднаш зад Енди Мареј. Школанѓанецот сега има 9.390 бодови , Шпанецот 7.285.

Третиот Грен слем во сеозната започнува на 3.јули, а титулата ја брани Мареј. Останува да видме дали во финалето закажано за 16.јули ќе се радува Надал.