Надал напиша историја: Од 2003 година немало првопласиран на АТП листата како него

1275

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на прекрасен начин ја заврши 2017 година.

Тој е лидер на АТП листата, освои две Гренд слем титули, а беше незадржлив на турнирите на земјена подлога.

Но, има уште нешто. Тој стана првиот тенисер од 2003 година кој ја завршил годината на чело на АТП листата откако претходната не бил во топ-5. Надал лани беше обременет со повреди и заврши на деветтото место во светот.

Последен кому му успеало такво нешто беше Енди Родик кој 2003 година ја заврши како првопласиран, а во 2002 беше на десеттата позиција.