Надал и Федерер се мачат, но напредуваат на УС Опен

457

Најдобрите светски тенисери Рафаел Надал и Роџер Федерер со многу мака обезбедија пласман во третото коло од УС Опен.

Многу повеќе се намачи Роџер Федерер кој повторно мораше да игра пет сета, сега против Михаил Јужни. На крајот победи со 3-2 (6-1, 6-7, 4-6, 6-4, 6-2), но тоа не е играта која се очекуваше од него ако се знае дека имаше дури 68 неизнудени грешки. Во четвртиот сет Јужни падна на физички план, изгледаше мошне лошо и Швајцарецот го искористи тоа за пресврт и победа. Во третото коло, Федерер ќе игра против Фелисијано Лопез.

Со пресврт, но доста полесно до победата дојде Рафаел Надал против Таро Даниел од Јапонија (4-6, 6-3, 6-2, 6-2). Шпанскиот ас долго се мачеше да ја најде својата игра, Даниел поведе со 1-0, но потоа немаше проблеми за големиот фаворит. Негов следен противник ќе биде Мајер.