Надал: Зборуваат за мене и Роџер, но да не го заборавивте и Новак?

1222

Oсвојувачот на годинешното издание на УС ОПЕН, Рафаел Надал, истакна дека е исклучително среќе по овој турнир, бидејки на почетокот бил скептичен дека ќе освои трофеј.

Надал со сигурна игра дојде до 16 трофеј во Грен слем конкуренција, и пред него е само Роџер Федерер со 19 титули.

Но Надал останува цврсто на земја, сметајки дека освен нив двајца, има и уште еден опасен тенисер кој може да ги престигне на табелата.

Се зборува за мене и Роџер, но овде има уште еден добар тенисер – Новак Ѓоковиќ. Тој има освоено 12 Грен слем титули во кариерата, и сигурен сум дека ќе конкурира за уште неколку кога ќе се врати во вистинска форма“.

Никој нема одиграно толку меѓусебни мечеви како Новак, Роџер и јас. Се натпреваруваме на најсилните турнири веќе со години. Тоа е неверојатно зар не? Среќен сум со овој трофеј, и поради ривалството со останатите двајца“, истакна Надал.