Надал е најдобар на светот за 2017 година

229

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го доби признанието за најдобар тенисер во 2017 година.

Признанието му беше доделено пред вториот натпревар од завршниот Мастерс во Лондон и тоа лично од претседателот на АТП, Крис Кермод. Шпанецот имаше фантастична сезона, освои два од четирите Гренд слема, а по четврти пат во кариерата се искачи на првото место на АТП листата.

Својот настап на Мастерсот во Лондон, Надал ќе го почне утре против Давид Гофан.