Надал експресно го победи Андерсон за својата трета титула на УС Опен

250

Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал победи во машкото финале на УС Опен. Тој експресно во три сета во своето 23-то Грен слем финале го совлада Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон со 6-3, 6-3, 6-4.

За Шпанецот ова е трет трофеј во Њујорк, а вкупно 16-ти во кариерата. По победата тој ќе инкасира 3,7 милиони долари.

Бодовите по овој триумф додатно ќе го зацврстат Надал на првото место на АТП листата.

“Минатите две недели беа фантастични за мене. Морам да му честитам на кевин, неверојатно е да се вратите на теренот по бројните повреди и проблеми. Генерално за мене ова е уште една одлична година. Ви благодарам на сите за поддрѓката, овде се чувствуам како дома“ – изјави Надал по крајот на финалниот меч во Њујорк.