Навивачко лудило во Истанбул: Мелих водеше, цела арена и играчите на Фенер го следеа (ВИДЕО)

672

Екипата на Фенербахче прва го завери учеството на завршниот турнир од Евролигата откако синоќа на домашен терен го совлада Панатинаикос за вкупни 3-0 во серијата.

Со оглед на амбициите на клубот и тоа што фајнал-форот се игра во Истанбул, јасна беше еуфоријата по конечниот триумф, па навивачите останаа долго по натпреварот за да ги поздрават кошаркарите на Фенербахче. Сето тоа се претвори во спектакл бидејќи Мелих Махмутоглу ја презеде улогата на водач на навивачите, а присутните во арената и другите кошаркари го следеа во скандирањето.